Saturday, 21 December 2013

Пиперка



Пиперка

1. Вовед

Пиперката е една од најзначајните градинарски видови поради својата висока хранлива и биолошка вредност и поради могукратниот начин во употребата за исхраната и во преработувачката индустрија. Во зависност од сортата и целта на производството, градинарската пиперка се користи во технолошка или физиолошка зрелост во свежа или преработена состојба, додека кај зачинските плодот се користи во производство на мелена пиперка. Пиперката припаѓа на родот Capsicum и во фамилијата Solanaceae. На родот Capsicum припаѓаат голем број на видови, но најзначајни се: Capsicum anuum, Capsicum frutescens, Capsicum pubescens, Capsicum pendulum, Capsicum chinense.

2. Потекло

Името пиперка потекува од грчкиот збор peper или од латинскиот збор piper што би значело црн бибер. Еве неколку од странските називи на пиперката:
арапски – felfel                            француски- piment                                       турски- biber                        српски, хрватски- паприка                                                 романски- piparca                        бугарски- пипер                                                    англиски- peper                          италјански- paperone
индијански- agi chilli                    шпански- pimento

3. Стопанско значење

Пиперката чие латинско име е Capsicum annuum L. e една од водечките градинарски култури по своето стопанско значење во Република Македонија. Од околу 60.000 ha со градинарски култури, пиперката е застапена на околу 10.000 ha или скоро 17% од површините под градинарски култури, со просечен принос од 13,2 t/ha.
            Во Македонија скоро и не постои реон каде каде што не се одгледува пиперката, а во некои реони, покрај поволните агроеколошки услови, постои и догла традиција за одгледување на оваа култура. Најзастапена е во Струмичко-Радовишкиот реон со околу 2200 ha, во Полошката котлина на 1450 ha, во Скопско-Кумановскиот реон на 1350ha итн. Според климатските услови, во одделни агроклиматски подрачја, производството на пиперката се одвива во три правци: за рано, среднорано и за касно производство. Пиперката се одгледува заради плодовите кои во исхраната се користат преку целата година во технолошка или ботаничка зрелост и тоа како: свежи, печени, мариновани за разни јадења и салати, туршии, конзерви, пире, сокови и како мелен црвен пипер. Заради содржината на капсаицин во плодот, се употребува и во фармацевската индустрија  
                               

4. Класификација и сорти на пиперки

Кај пиперката постои големо видово и сортово разнообразие, што наметнува бројни проучувања од повеќе автори за класификација на пиперката.
На база морфолошките карактеристики на најраспространетите форми пиперки од видот Capsicum annuum, Попов (Бугарија) го дели на три подвида, серии и вариетети и тоа:
      I.        C. annuum ssp. macrocarum – јадроплодни пиперки
a)    Група широкоплодни пиперки – ser. var. grosum
1.    Тип ротунд – var. rotundum
2.    Тип бабури – var. dolma
3.    Тип срцевидни – var. cordatum
b)   Група долги пиперки – ser. var. longum
1.    Тип конусовидни пиперки – var. conus
2.    Тип камовидни пиперки – var. cama
3.    Тип роговидни пиперк– var. corniforme
    II.        C. annuum ssp. microcarum – ситноплодни пиперки
a)    Група шипки – ser. var. shipca
1.    Тип каенски шипки – var. acuminatum
2.    Тип обични шипки – var. conoides
3.    Тип чилски шипки – var. fusioformis
4.    Тип тапи шипки – var. abreviatum
b)   Група црешовидни пиперки – ser. var. cerasiforme
   III.        C. annuum ssp. fasciculatum – букетни пиперки

Според намената за што се произведуваат, односно користат сортите се делат на: сорти за консумација во свежа состојба, сорти за преработка и сорти за мелен црвен пипер. Меѓутоа често пати, од една или друга причина, сортите за консумација во свежа состојба може да се пренаменат за преработка или смрзнување.

          Според должината на вегетациониот период сортите можат да се поделат на: рани, средно-рани и касни сорти.
Според морфолошките одлики на плодот, големината и формата, сортите можат да се поделат во две основни групи: крупноплодни и ситноплодни.

No comments:

Post a Comment