Морфолошки и биолошки карактеристики
5.1
Морфолошки карактеристики
Пиперката
Capsicum annuum L. е едногодишно растение од фамилијата Solanaceae. Во
тропските предели и одгледувана во заштитни простори (во кои може да се
обезбедат перманентно поволни услови), таа може да биде и повеќегодишно растение.
Корен. Кореновиот систем на
пиперката е брадест. Главниот корен продира на длабочина од 70-80 cm во
почвата. На него се формираат бочни корени, така да се добива јасно изразена
брадеста форма. Поголемиот дел од кореновата маса се развива во површинскиот
слој на длабочина од 25-30 cm.
Стебло. Стеблото во основата е
задрвенето. На пресек е тркалезно или слабо облесто, голо или слабо обрастено
со влакненца, а кон врвот е зелјесто. Во зависност од начинот на одгледување на
сортата, тоа достигнува височина од 30-90 па и до 125 cm. Според височината на
стеблото пиперките се поделени на нискостеблени, со височина 30-45 сm,
средновисоки од 46-65 cm, високи од 66-90 cm и многу високи над 90 cm.
Плодот претставува нарасната бобица која силно варира по форма,
големина, боја, дебелина на перикарпот и гнездавост. Формата широко варира и пред
се е сортова карактеристика. Главно се разликуваат пет групи: доматовидна или јаболковидна – плодот е голем, сплеснат со глатка или ребраста
површина, кубична или паралелопипетна – плодот е голем и има
тристрана или четиристрана призматична форма, конусовидна – плодот има конусовидна форма со остар врв, често
двострано или тристрано сплеснат, роговидна
– плодот е со тесноцилиндрична форма, со слично заострен врв и често кон
основата набрчкан, черешовидна –
ситен плодсо правина заоблеста форма во вид на плод од цреша.
Семе. Семето е силно сплескано,
тркалезно до бубреговидно, ситно со дијаметар
од 2,5-5 mm, а со апсолутна маса околу 6 g.
5.2.
Биолошки карактеристики
Биологијата
на развиток и растење, воопшто кај растенијата и нивните промени кои настануват
во текот на нивниот циклус, се во директна зависност од влијанието на комплексот
надворешни услови .
Растењето претставува
наголемување на масата, односно наголемување на бројот и волуменот на
растителните клетки, при што настануваат видливи морфолошки промени на
растението и неговите делови. Растењето како процес, почнува од втората фаза
(фаза на бабрење на семето) и со одредено темпо е во зависност од комплексот
надворешни услови што трае до последната фаза – формирање на семе.
Развитокот претставува процес на сите квалитетни промени што се вршат во и на растението, и се одвиваат во текот на животниот циклис, од формирањето на зрело семе (од кое потекнува растението) до формирањето на ново зрело семе. Квалитетните промени што настануваат во животниот циклус, се одвиваат низ, засега, утвредни два стадиума: стадиум на јаровизација и светлосен стадиум. Преминувањето на растението од еден во друг стадиум е строго последователно. Додека не заврши стадиумот на јаровизација не може да настапи светлосниот стадиум.
Стадиумот на јаровизација кај
пиперката се одвива при оптимална застапеност на влага, CO2 и
топлина во средината меѓу 20 и 22 °C. При
вакви услови, овој стадиум започнува во фазата на бабрење на семето и завршува
во фазата на формирање котиледонски ливчиња.
Потреба
од топлина. Пиперката
е една од најтоплољубивите градинарски култури. Големата потреба од топлина е
како резултат на нејзиниот историски развој во местото на потеклото од
пределите на тропскиот појас.
Пиперката најдобро се развива и расте при оптимални температури меѓу 20 и 25°C.
Пиперката најдобро се развива и расте при оптимални температури меѓу 20 и 25°C.
Потреба
од светлина. По однос на
светлината пиперката се одликува со голема потреба од сончева радијација низ
целиот живботен процес, а особено во фаза на никнење. Ако во оваа фаза 3-4 дена
изостанува директната сончева радијација, натамошниот развиток на растенијата
заостанува, а особено се одразува врз процесот на фруктификација. Според тоа,
пиперката не трпи засенчување ни во една фаза од својот развиток.Според
реакцијата кон должината на светлосниот ден (фотопериодизмот), пиперката е растение на кусиот ден. Таа
најдобро се развива и расте при 12-14 часовен светлосен ден
Потреба
од вода. За нормален
развиток и остварување на високи и квалитетни приноси, потребно е одржување на
влажноста на почвата на околу 75-80% од ПВК и оптимална влажност на воздухот
60-70%.
Потребите од вода во текот на вегетацијата на пиперката се различни во одделни фази од развитокот. Тие особено се видливи во фазата на формирање на генеративните органи.
Потребите од вода во текот на вегетацијата на пиперката се различни во одделни фази од развитокот. Тие особено се видливи во фазата на формирање на генеративните органи.
Потреба од плодоред. Пиперката силно реагира кон предкултурата. Во системот
на плодоред таа треба да се одгледува на површини на кои претходно биле едно
или повеќегодишни легуминози, тревни смески, житни култури, култури од фамилија
на тикви и други кои почвата ја оставаат чиста од плевели и причинители на
болести и почвени штетници. Пиперката има слаба биолошка самотолерантност кога
се одгледува во монокултура. Заради тоа таа не треба да дојде на иста површина
или со предкултура од иста фамилија најмалку 4-5 години. Во спротивно,
одгледувана во монокултура уште првата година приносите се помали и за 50%.
No comments:
Post a Comment