Saturday, 21 December 2013

Пиперка



Пиперка

1. Вовед

Пиперката е една од најзначајните градинарски видови поради својата висока хранлива и биолошка вредност и поради могукратниот начин во употребата за исхраната и во преработувачката индустрија. Во зависност од сортата и целта на производството, градинарската пиперка се користи во технолошка или физиолошка зрелост во свежа или преработена состојба, додека кај зачинските плодот се користи во производство на мелена пиперка. Пиперката припаѓа на родот Capsicum и во фамилијата Solanaceae. На родот Capsicum припаѓаат голем број на видови, но најзначајни се: Capsicum anuum, Capsicum frutescens, Capsicum pubescens, Capsicum pendulum, Capsicum chinense.

2. Потекло

Името пиперка потекува од грчкиот збор peper или од латинскиот збор piper што би значело црн бибер. Еве неколку од странските називи на пиперката:
арапски – felfel                            француски- piment                                       турски- biber                        српски, хрватски- паприка                                                 романски- piparca                        бугарски- пипер                                                    англиски- peper                          италјански- paperone
индијански- agi chilli                    шпански- pimento

3. Стопанско значење

Пиперката чие латинско име е Capsicum annuum L. e една од водечките градинарски култури по своето стопанско значење во Република Македонија. Од околу 60.000 ha со градинарски култури, пиперката е застапена на околу 10.000 ha или скоро 17% од површините под градинарски култури, со просечен принос од 13,2 t/ha.
            Во Македонија скоро и не постои реон каде каде што не се одгледува пиперката, а во некои реони, покрај поволните агроеколошки услови, постои и догла традиција за одгледување на оваа култура. Најзастапена е во Струмичко-Радовишкиот реон со околу 2200 ha, во Полошката котлина на 1450 ha, во Скопско-Кумановскиот реон на 1350ha итн. Според климатските услови, во одделни агроклиматски подрачја, производството на пиперката се одвива во три правци: за рано, среднорано и за касно производство. Пиперката се одгледува заради плодовите кои во исхраната се користат преку целата година во технолошка или ботаничка зрелост и тоа како: свежи, печени, мариновани за разни јадења и салати, туршии, конзерви, пире, сокови и како мелен црвен пипер. Заради содржината на капсаицин во плодот, се употребува и во фармацевската индустрија  
                               

4. Класификација и сорти на пиперки

Кај пиперката постои големо видово и сортово разнообразие, што наметнува бројни проучувања од повеќе автори за класификација на пиперката.
На база морфолошките карактеристики на најраспространетите форми пиперки од видот Capsicum annuum, Попов (Бугарија) го дели на три подвида, серии и вариетети и тоа:
      I.        C. annuum ssp. macrocarum – јадроплодни пиперки
a)    Група широкоплодни пиперки – ser. var. grosum
1.    Тип ротунд – var. rotundum
2.    Тип бабури – var. dolma
3.    Тип срцевидни – var. cordatum
b)   Група долги пиперки – ser. var. longum
1.    Тип конусовидни пиперки – var. conus
2.    Тип камовидни пиперки – var. cama
3.    Тип роговидни пиперк– var. corniforme
    II.        C. annuum ssp. microcarum – ситноплодни пиперки
a)    Група шипки – ser. var. shipca
1.    Тип каенски шипки – var. acuminatum
2.    Тип обични шипки – var. conoides
3.    Тип чилски шипки – var. fusioformis
4.    Тип тапи шипки – var. abreviatum
b)   Група црешовидни пиперки – ser. var. cerasiforme
   III.        C. annuum ssp. fasciculatum – букетни пиперки

Според намената за што се произведуваат, односно користат сортите се делат на: сорти за консумација во свежа состојба, сорти за преработка и сорти за мелен црвен пипер. Меѓутоа често пати, од една или друга причина, сортите за консумација во свежа состојба може да се пренаменат за преработка или смрзнување.

          Според должината на вегетациониот период сортите можат да се поделат на: рани, средно-рани и касни сорти.
Според морфолошките одлики на плодот, големината и формата, сортите можат да се поделат во две основни групи: крупноплодни и ситноплодни.

Пиперкa



    Морфолошки и биолошки карактеристики

5.1 Морфолошки карактеристики
Пиперката Capsicum annuum L. е едногодишно растение од фамилијата Solanaceae. Во тропските предели и одгледувана во заштитни простори (во кои може да се обезбедат перманентно поволни услови), таа може да биде и повеќегодишно растение. 
     Корен. Кореновиот систем на пиперката е брадест. Главниот корен продира на длабочина од 70-80 cm во почвата. На него се формираат бочни корени, така да се добива јасно изразена брадеста форма. Поголемиот дел од кореновата маса се развива во површинскиот слој на длабочина од 25-30 cm.
          Стебло. Стеблото во основата е задрвенето. На пресек е тркалезно или слабо облесто, голо или слабо обрастено со влакненца, а кон врвот е зелјесто. Во зависност од начинот на одгледување на сортата, тоа достигнува височина од 30-90 па и до 125 cm. Според височината на стеблото пиперките се поделени на нискостеблени, со височина 30-45 сm, средновисоки од 46-65 cm, високи од 66-90 cm и многу високи над 90 cm.
          
   Хабитусот на растенијата е во тесна врска со аголот под кој се формираат гранките. Се разликуваат две основни форми: чашовидна и чадореста. Чашовидната форма се карактеризира со две или три примарни гранки, кои од главното стебло се отклонуваат од определена точка, формирајќи основен чатал (чаша). Понатаму, од секоја основна гранка се појавуваат во вид на вила по две секундарни гранки. Оваа форма на хабитус се сретнува кај крупноплодни пиперки. Кај пиперките кои имаат чадореста форма главното стебло запира со развитокот на една третина до една половина од височината на растението. По целата должина на стеблото, уште од основата се јавуваат многу расклонувања кои завршуваат во вид на букет од цветови. Општиот изглед на стеблото изгледа на букет. Чадорестата форма се сретнува кај букетните пиперки. Меѓу овие две основни форми се јавуваат и преодни (интермедијарни) форми                         Лист. Листовите се поединечно распоредени по јазлите, односно нодиите на гранките или по 2-3 на исто место и групно кај букетните пиперки. Формата на листот е јајцевидна или елипсовидна со заострен врв и често асиметрична во основата. Според големината листовите се поделени на крупни, среднокрупни и ситни листови. Крупноплодните пиперки имаат поголеми листови, а ситноплодните помали. По боја листовите се светло-зелени, зелени и темнозелени.   
                                                                                                                                 
                          Цвет. Цветовите се двополни, распоредени поединечно или 2-3 на едно место или групно кај букетните форми пиперки. Тие се состојат од 6, поретко 5 или 7 зелени чашични  ливчиња кои во основата се сраснати.                                                                                                                          Плод.  



Плодот претставува нарасната бобица која силно варира по форма, големина, боја, дебелина на перикарпот и гнездавост. Формата широко варира и пред се е сортова карактеристика. Главно се разликуваат пет групи: доматовидна или јаболковидна – плодот е голем, сплеснат со глатка или ребраста површина, кубична или паралелопипетна – плодот е голем и има тристрана или четиристрана призматична форма, конусовидна – плодот има конусовидна форма со остар врв, често двострано или тристрано сплеснат, роговидна – плодот е со тесноцилиндрична форма, со слично заострен врв и често кон основата набрчкан, черешовидна – ситен плодсо правина заоблеста форма во вид на плод од цреша.   
      Семе. Семето е силно сплескано, тркалезно до бубреговидно, ситно со   дијаметар од 2,5-5 mm, а со апсолутна маса околу 6 g.


5.2. Биолошки карактеристики
Биологијата на развиток и растење, воопшто кај растенијата и нивните промени кои настануват во текот на нивниот циклус, се во директна зависност од влијанието на комплексот надворешни услови .    
        Растењето претставува наголемување на масата, односно наголемување на бројот и волуменот на растителните клетки, при што настануваат видливи морфолошки промени на растението и неговите делови. Растењето како процес, почнува од втората фаза (фаза на бабрење на семето) и со одредено темпо е во зависност од комплексот надворешни услови што трае до последната фаза – формирање на семе.

        Развитокот претставува процес на сите квалитетни промени што се вршат во и на растението, и се одвиваат во текот на животниот циклис, од формирањето на зрело семе (од кое потекнува растението) до формирањето на ново зрело семе. Квалитетните промени што настануваат во животниот циклус, се одвиваат низ, засега, утвредни два стадиума: стадиум на јаровизација и светлосен стадиум. Преминувањето на растението од еден во друг стадиум е строго последователно. Додека не заврши стадиумот на јаровизација не може да настапи светлосниот стадиум.
Стадиумот на јаровизација кај пиперката се одвива при оптимална застапеност на влага, CO2 и топлина во средината меѓу 20 и 22 °C. При вакви услови, овој стадиум започнува во фазата на бабрење на семето и завршува во фазата на формирање котиледонски ливчиња.
        Потреба од топлина. Пиперката е една од најтоплољубивите градинарски култури. Големата потреба од топлина е како резултат на нејзиниот историски развој во местото на потеклото од пределите на тропскиот појас.
Пиперката најдобро се развива и расте при оптимални температури меѓу 20 и 25°C.
  Потреба од светлина. По однос на светлината пиперката се одликува со голема потреба од сончева радијација низ целиот живботен процес, а особено во фаза на никнење. Ако во оваа фаза 3-4 дена изостанува директната сончева радијација, натамошниот развиток на растенијата заостанува, а особено се одразува врз процесот на фруктификација. Според тоа, пиперката не трпи засенчување ни во една фаза од својот развиток.Според реакцијата кон должината на светлосниот ден (фотопериодизмот), пиперката  е растение на кусиот ден. Таа најдобро се развива и расте при 12-14 часовен светлосен ден

          Потреба од вода. За нормален развиток и остварување на високи и квалитетни приноси, потребно е одржување на влажноста на почвата на околу 75-80% од ПВК и оптимална влажност на воздухот 60-70%.
Потребите од вода во текот на вегетацијата на пиперката се различни во одделни фази од развитокот. Тие особено се видливи во фазата на формирање на генеративните органи.
Потреба од плодоред. Пиперката силно реагира кон предкултурата. Во системот на плодоред таа треба да се одгледува на површини на кои претходно биле едно или повеќегодишни легуминози, тревни смески, житни култури, култури од фамилија на тикви и други кои почвата ја оставаат чиста од плевели и причинители на болести и почвени штетници. Пиперката има слаба биолошка самотолерантност кога се одгледува во монокултура. Заради тоа таа не треба да дојде на иста површина или со предкултура од иста фамилија најмалку 4-5 години. Во спротивно, одгледувана во монокултура уште првата година приносите се помали и за 50%.

Пиперка



6. Технологија на производство

Технологија на производство претставува збир на сите агротехнички, агробиолошки и организациони мерки кои се извршуваат во текот на производниот процес. Практично тоа започнува уште со утврдувањето на плодоредот на пиперката и изборот на површината, подготовка на почвата и сите други агротехнички мерки и операции во текот на вегетацијата се до прибиурањето на реколката.

Болести.
 Пиперката е една од најчувствителните од градинарските култури кон поголем број паразитни организми. Зависно од просторот на одгледување (на отворено или во заштитен простор) се развива и паразитна микрофлора, како резултат на условите и технологијата на одгледување.
Чувствителноста на пиперката во одделни фенофази кон одредени причинители на болести е различна. Во текот на вегетацијата некои паразите се јавуваат уште од фазата на ‘ртење на семето, додека пак други, паразитираат во покасните фази, се до зреење на плодовите.
 Штетниците што ја напаѓаат пиперката условно можат да се поделат на две групи: почвени- кои го оштетуваат кореновиот систем и приземниот дел на растението и фолијарни – кои ги оштетуваат надземните делови на растението, првенствено листот и плодот. Во почвените штештници спаѓаат: коњоштип, телени црви, зимска и пролетна совица, а во фолијарните штетници спаѓаат: памукова совица, лисни вошки, праскова лисна вошка, памукова лисна вошка, тутунов трипс и белокрилка.